Шведски Остерсунд испрати урнебесна порака за добредојде до Арсенал пред првиот меч во ЛЕ

340

Фудбалерите на Арсенал во четврток продолжуваат со натпреварите во Лигата на Европа, гостуваат кај шведски Остерсунд, а температурите на Скандинавскиот полуостров во текот на зимата знаат да бидат и немилосрдни, што може да биде проблем за „Топчиите“.

Тимовите кои гостуваат на северот од Европа во оваа доба од годината, секогаш стравуваат од прениските температури и временските приики, а во прилог на тоа, Остерсунд на креативен и смешен начин испрати порака за добредојде до Арсенал во пресрет на првиот 1/16-финален натпревар.

„Подготвени сме за вас, Арсенал! Инаку, дали ви споменавме како изгледаат нашите нови соблекувални?“, напишаа од Остерсунд на својот официјален Твитер профил со фотографија од снежни тунели на кои се закачени дресовите на шведскиот тим.

Навивачите и играчите на Арсенал ќе мораат добро да се загреат, во четврток е најавена температура од -7 степени Целзиусови.

Инаку, особено интересна информација е дека Остерсунд е основан на 31. октомври 1996. година, неколку недели откако Арсен Венгер го презеде тимот на Арсенал.

Натпреварот е на програмата во четврток од 19:00 часот.