Шарапова дефинитивно го пропушта Вимблдон

285

Русинката, Марија Шарапова, поради повреда на ногата нема да се појави во квалификациите за отвореното тениско првенство на Англија на терените на Вимблдон.

Според прогнозите, таа ќе се врати на активностите кон крајот на јули кога ќе започне сезоната на тврда подлога.

„По деталните прегледи за жал ќе го пропуштам овој дел од сезоната на трева. Ќе продолжам со рехабилитацијата а наредниот турнир на кој ќе настапам ќе биде Стенфорд“, напишала Шарапова на профилот на Фејсбук.

Руската тенисерка откако паузираше 15 месеци поради користење на допинг, годинава во месец април прв пат се појави на официјален турнир под капата на ИТФ.