Шампионот на колена, „соколите“ до победа кај МЗТ Скопје

341

Составот на Карпош Соколи во последниот натпревар од 1. коло во новата сезона во Првата лига стигна до минимална, но слатка победа кај актуелниот шампион МЗТ Скопје со резултат од 83-85.

„Соколите“ со ова на еден вид малку им се реваншираа на „металците“ за поразот во минатогодишното финале од домашниот шампионат. Што се однесува до самиот меч, гостите од Карпош до победата во Аеродром стигнаа благодарение на првото полувреме кое што го добија со предност од +14(33-47). Во вториот дел избраниците на Ацо Тодоров одиграа нешто подобро, но немаа сили за комплетен пресврт.

Дарко Соколов со 19 поени, 7 асистенции и 3 скока беше прво име во победничката екипа на Карпош Соколи во чии редови уште четири кошаркари беа двоцифрени, Чомагиќ (16), Браун (15), Николовски (12) и Лабовиќ (11). Во поразениот табор убедливо прво име беше Бојан Трајковски кој мечот го заврши со 34 поени и 8 скока.