Шампионот во АБА доби нов тренер

611

Душан Алимпијевиќ ќе биде нов тренер на КК Црвена Ѕвезда. Тој на клупата на белградскиот тим ќе го замени Дејан Радониќ, кој по две успешни сезони одлучи да ја прекине соработката со клубот.

Алимпијевиќ минатата сезона во април го презема тимот  на ФМП, а вистинска сензација приреди до елиминацијата на Партизан во плеј-офофт. Иако има мало тренерско искуство му беше дадена довербата да го предводи српскиот кошаркарски првак.

Негови помошници ќе бидат Миленко Топиќ и Слободан Љуботина.

Црвена Ѕвезда во новата сезона ќе ги брани трофеите од АБА лигата и српскит шапионат, а ќе биде дел и од Евролигата.