Чудна одлука на МКФ: Нема билети за Косово поради безбедност

520

Македонските љубители на кошарката и навивачите на репрезентацијата нема да можат во живо да го следат натпреварот против Косово поради одлуката на МКФ да не пушти билети во продажба.

Изговор е безбедноста, но може само да се претпостави која е точната причина за ваквиот потег на Федерацијата.

„Македонската кошаркарска федерација сака да ја извести македонската спортска јавност дека по одржаните состаноци и консултации со надлежните органи денес беше донесена одлука, од безбедносни причини, билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Косово да не бидат пуштени во продажба.

Македонската кошаркарска федерација сака да и се извини на сета спортска јавност поради ваквиот развој на настаните со кој им се ускратува можноста на оние кои сакаа да го проследат овој натпревар од трибините во ВИП арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Сите оние кои поседуваат блок-билети можат со истите да присуствуваат на натпреварот, но ќе бидат прераспределени во блок М15.

Натпреварот ќе може да се проследи на првиот програмски сервис на националната телевизија (МРТ)”, стои во соопштението од МКФ.