Човечноста на Салвадор Собрал: Не јас, туку Кристијано Роналдо…

13708

Победникот на годинешниот Евросонг, Португалецот Салвадор Собрал, беше запрашан од новинарите, дали тој се смета за херој на нацијата, но тој таков статус не сакаше да прифати.

Португалија го повтори успехот на Грција од минатото, кога во 2004 година го освоија ЕП токму во Португалија, а година подоцна победија и на Евросонгот, па исто сценарио имаше и Португалија, минатата годин Португалија конечно ја освои европската круна, а пред некој ден, Португалија победи на Евровизијата.

„Јас не се сметам како херој на нацијата, тоа е Роналдо. Кристијано со Португалија ја донесоа европската круна, тој е херој“, нагласува Салвадор Собрал.

На Роналдо му се оствари големата желба минатата година, со освојувањето на ЕП, иако тој не го одигра цел натпревар, поради тоа што несреќно се повреди за време на натпреварот.