Читај го меѓу редови соопштението на Самсоненко

10679

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко утрово со соопштение објави дека се повлекува од екипите на ЖРК Вардар, РК Вардар и ФК Вардар. Работите се убаво “завиткани во обланда“, но ако прочитате меѓу редови тоа би изгледало некако вака:

“Дечки успеавме да ве испровоцираме со картите, ве запаливме ви ја “шитнавме” Јужна и конечно најдовме начин да си најдеме алиби за заминување кое го најавивме уште пред Ф4, а беше јасно уште претходно по средбата со новиот премиер. Ви благодарам што  ни овозможивте да испереме пари овие 11 години, сега ме бараат во Русија, се каат што ме пропуштиле во Црна Гора и Хрватска. Јас сум сега мега хит, вистински херој од лани и новопечена летна жртва, ама за мене зима нема, а вам со среќа, пливајте во сите г***а што ќе излезат на површина наскоро.

Напред олигархија, да живеат сите лоповски влади од екс ЈУ, гајле ми е за вашиот Вардар.

Извинете друштво емоции во бизнисот нема, немам респект кој никого во Македонија, јас само успешно си глумам. Поздрав и кисче!“