Чилиќ го продолжува својот сон: Се пласираше во финалето без загубен сет!

381

Марин Чилиќ се пласираше во финалето од Австралијан Опен по победата од 3:0 над Британецот Кајл Едмунд. По сетови заврши 6:2 7:6(4), 6:2, а мечот траеше два часа и 20 минути.

Хрватскиот тенисер со оваа победа се избори за своето трето Гренд Слем финале по УС Опен во 2014. година и минатогодишниот Вимблдон, а по новата победа тој ќе го забележи најдобриот ранкинг во својата кариера и ќе се искачи на третото место на АТП листата.

Во финалето ќе се соочи против победникот од вториот дуел кој се игра помеѓу бранителот на титулата Роџер Федерер или сензацијата Хјон Чунг од Јужна Кореа. Тие својот полуфинален дуел ќе го одиграат утре.

Досега хрватскиот тенисер има половичен успех во финалињата на Гренд Слем турнирите – го освои УС Опен, додека минатата година капитулираше пред големиот Роџер Федерер во Лондон.