Чиле на столбот на срамот, не се проблем само лудите ноќни забави, состојбата е посериозна

475

Неуспехот на Чиле во јужноамериканските квалификаци за СП е тема деновиве на бројни пишувања, бдиејќи оваа земја на крајот испадна најголем губитник од оние кои имаа шанси за настап на турнирот во Русија догодина.

Целата приказна ја покрена жената на капитенот на националниот тим Клаудио Браво, кој истакна дека и покрај фантастичната генерација на фудбалери кои ги има Чиле алкохолот е главната прична поради неуспехот на оваа земја, која беше гордост на нацијата и двократен шампион на континентот.

По лошиот старт во квалификациите екс селекторот Хорхе Сампаоли кој е најзаслужен за големите успеси на овој национален состав, а сега ја предводи Аргентина, изрази сомнеж дека Чиле ќе успее да стигне до Светското првенство. Тој не потврди но новинарите пишуваа за големата недисциплина и дивеењето на членовите на националниот тим, кои не се навикнати на дисциплина.

Еден чиленски новинар го напиша и потврди она што Сампаоли му го има кажано порано, no не сакал лично да и го соопшти на јавноста:

“Вистината е дека Видал е алкохоличар и мора да оди на лечење, тој е потполно надвор од контрола. Еднаш во авион ме праша дали можам да му дадам едно пиво, го одбив бидејќи тука беа и членови на федерацијата, но тој успеа да добие шише виски од екипажот и за кратко време го испи до половина“

“На секој следен собир Еду Варгас беше во се полоша состојба, тој исто така многу пие, Пиниња правеше забави во хотелската соба со проститутки пред натпреварите, Медел наводно го оставил алкохолот, но секогаш е подготвен за луда забава, Алексис не е таков, но не обрнува внимание никому дури ниту кога тренерот зборува“

“Ни ту јас не можев да ги држам под контрола, можам да замислам што сега се случува. Нема шанси со такво однесување да се пласираат на Мундијалот“- истакна Сампаоли пред половина година и не згреши.