Чешки џентлмен: Бердих на оригинален начин му даде поддршка на Ѓоковиќ – го стави на патиките (ФОТО)

1064

Чешкиот тенисер Томаш Бердих доживеа елиминација во полуфиналето од Вимблдон, но ги освои симпатиите на најголем дел љубители на овој спорт, а особено фанови на Новак Ѓоковиќ.

Во четврфиналето, тој го победи Србинот, но само затоа што тој се предаде поради повреда на рамото. На вчерашниот дуел против Роџер Федерер, Бердих излезе со патики на чија предна страна имаше силуета од Ѓоковиќ. Потегот беше поздравен од речиси сите светски медиуми.