Чешка декласирана во Скопје – Македонија обезбеди пласман на ЕП во Хрватска! (Видео)

1826

Ракометна Македонија повторно се радува, вечерва репрезентацијата се избори за победа против Чешка (33:20), што значи дека го заверуваме пласманот на идното ЕП во Хрватска, кое ќе се одржува следната година.

Македонските ракометари апсолутно ја надиграа селекцијата на Чешка во Скопје, и апсолутно заслужено се патници на големиот турнир во Хрватска догодина.

Македонија го контролираше првиот дел, постојано беа во водство, а на полувреме заминаа со убедливи 16:10, што на некој начин ја најавуваше победата и пласманот во Хрватска.

Исто беше и во вториот дел, главниот збор го имаше Македонија, која од минута во минута го зголемуваше своето водство и иташе кон победа и заврување на пласманот на ЕП.

Публиката дополнително на нозе ја подигнаа неколкуте прекрасни цепелини во режија на нашите репрезентативци, кои на крајот славеа убедливо со резултат 33:20, што значи и наша најубедлива победа против Чешка.

Но без оглед на поразот, Чешка исто така е патник на ЕП заедно со Македонија идната сезона. Големи заслуги за вечерашната победа има Борко Ристовски кој забележа 15 интервенции, и Кире Лазаров кој постигна 11 голови.

МАЈСТОРИЈА НА ШАМПИОНИТЕ!!!! ДВОЕН ЦЕПЕЛИННННН#МАКЕДОНИЈААААААА

تم نشره بواسطة ‏‎Спортисимо Македонисимо‎‏ في 18 يونيو، 2017

МАКЕДОНИЈА ГАЗИ СО ЦЕПЕЛИНИИИИИИИИИИ!!!!!!!!

تم نشره بواسطة ‏‎Спортисимо Македонисимо‎‏ في 18 يونيو، 2017