Червар ја напушти Македонија, но не и Металург

761

По средбата помеѓу Лино Червар и првиот човек на Металург Минчо Јорданов, решено било дека хрватскиот стратег, кој пред неколку дена и рече збогум на македонската репрезентација, останува тренер на Металург до крајот на сезоната.

Червар реши да премине во Хрватска, пред претстојното ЕП кое се одржува токму во неговата земја, па реши да и каже НЕ на Македонија и да се пресели кај своите, кои и порано ги водеше.

Сето тоа го доведе во прашање и неговиот ангажман во тимот од Автокоманда, но денеска било решено дека до крајот на сезоната, на кормилото на Металург нема да има промени.

Но поради тоа што Червар идната година ќе биде се почесто во Хрватска, каде ќе ја темпира репрезентацијата за најголем дострел на идното големо ракометно првенство, сосема е веројатно дека ќе се откаже од Металург, и дека Минчо ќе мора да бара нов стратег за неговиот клуб.