Червар го потврди списокот од 19 ракометари за СП во Франција

930

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија која патува на СП во Франција деновиве, ќе патува со потврден список на играчи, во кој партиципираат 19 ракометари.

Се шпекулираше, се тактизираше со тоа кои играчи ќе бидат дел од националниот список за СП во Франција, но тоа денеска на пресконференцијата, селекторот Червар го потврди.

Како дел од делегацијата која патува на СП се Никола Митревски, Благој Трајковски, Кирил Колев, Гоце Ојлески, Никола Маркоски, Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Жарко Пешевски, Столе Стоилов, Филип Талески, Велко Маркоски, Кире Лазаров, Марко Нелоски, Филип Миркуловски, Филип Лазаров, Влатко Митков, Стефан Дрогришки и Ристо Арнаудовски.

Но дел од овие ракометари нема да можат да бидат дел од составот на Лино Червар на натпреварите во Франција, поради тоа што во регистрираните екипи ќе мора да има само по 16 ракометари.