Челси стартуваше со пораз, Руни му донесе победа на Евертон (Видео)

846

Со двајца играчи помалку бранителот на трофејот Челси не успеа да се спаси од пораз против Барнли во воведното коло од новата сезона на Премиер лигата.

Мечот на Стемфорд Бриџ не започна во споакувана насока, во 14.минути игра Кејхил доби директен црвен картон и мораше да ја напушти играта, а потоа во 24.минута прими гол.

Првиот погодок во мрежата на “Сините“ го поcтигна Сем Вокес, со што Барнли води со 1:0. Потоа во 9.минута Врад зголеми на 2:0, а Вокес во 43-та најави дебакл на Челси.

Мората во 69.минута намали на 1:3, но потоа во тимот на Антонио Конте беше исклучен уште еден игра. Вториот жолт картон на Фабрегас во 81.минута ги остави домаќините со деветмина на теренот, но Давид Луиз во 89.минута постигна гол за 2:3 и остави надеж дека може да се стигне до изрманување. Ниту пет минутното продолжение не донесе такво нешто, па Челси со пораз ја стартуваше одбраната на титулата.

Реазултати на мечевите од 16 часот:

Челси – Барнли 2:3

Евертон – Стоук 1:0

Кристал Палас – Хадерсфилд 0:3

ВБА – Бурнмаут 1:0

Саутемптон – Совонси 0:0