Челзи ја упати првата официјална понуда ова лето

1015

Откако Антонио Конте пред да замине на одмор им забележа на челниците клубот за слабата активност на трансфер пазарот, лондонскиот клуб ја уважи примедбата и веќе ја испрати првата официјална понуда.

Станува збор за Алекс Сандро од Јувентус, за кого “сините“ од Лондон нудат 65 милиони евра, но “бјанконерите“ веднаш ја одбија понудата. Сепак Старата дама му порача на играчот дека доколку сака да го напушти Торино нема да му прави проблеми. Ова би можело да се протолкува и дека доколку Челзи успее бар малку да ја зголеми понудата, Сандро би можел да се пресели во редовите на англискиот првак.

Бразилецот е една од главните мети на Конте , кој сака да ја засили конкуренцијата во дефанзвната линија на неговиот тим.