ЦСКА го има рецептот за победа против Барселона во Евролигата

238

Кошаркарите на ЦСКА Москва ја победија вечерва Барселона во натпревар од 10. коло во Евролигата, со резултат 92:78.

Русите со овој триумф се изедначија со Олимпијакос на врвот од табелата, а двете екипи имаат ист учинок, по осум победи и два пораза.

ЦСКА ја забележа третата последователна победа над Барселона, пред се благодарејки на одличното издание на Клиборн кој запиша 22 поени, а го следеа Хигинс со 20 и Де Коло со 19.

Кај гостите двоцифрени беа Хертел со 11, Серафин со 11, Ханга со 10 и Копонен исто така 10 поени.