Црногорскиот „бомбардер“ во Вардар уште четири години

573

Репрезентативецот на Црна Гора, Буко Борозан денеска го продолжи договорот со Вардар до 2021 година.

Како еден од помладите во тимот, Борозан сезонава покажа дека е сериозен влог во иднината на Вардар и дека врз него ќе се темели изгледот на тимот во следните сезони. Оваа натпреварувачка кампања, тој постигна 41 гол во Лигата на шампионите и 48 во СЕХА лигата, а во регионалното натпреварување беше избран и во идеалната постава на завршниот турнир во Брест.

„Задоволни сме што во своите редови ќе го имаме и во иднина Вуко Борозан и неговите силни и прецизни шутеви. Тој одлично се снајде во клубот досега и очекуваме и во иднина да прикажува доби игри и заедно да се радуваме на нови успеси“, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Борозан дојде во Вардар минатото лето и во својата прва сезона веќе стигна до еден трофеј, а “црвено-црните” се на пат да освојат уште два.