Црна Гора го објави списокот за ЕП: Пола репрезентативци играат или играле во македонската лига

1810

Драган Ѓукиќ, предводникот на Црна Гора денес како и нашиот селектор Раул Гонзалез, го објави поширокиот список од 28 ракометари на кои ќе смета за ЕП во Хрватска.

Црногорците, заедно со Словенија и Германија се нашите противници од групната фаза во Загреб.

Интересно, она што паѓа прво во очи кога ќе се погледне списокот на Црна Гора е тоа што речиси пола играчи од нивниот список играат, или пак играле во лигата на Македонија.

Тоа се, Раде Мијатовиќ кој бранеше за Металург, Мирко Мајиќ игра за Радовиш, претходно и за Зомимак М. Потоа Вуко Борозан актуелен член на Вардар, а на лев бек тука е и Стефан Вујовиќ кој играше и за Вардар и за Металург. На оваа позиција е и Даниел Вукичевиќ, екс играч на Пелистер.

На централен бек е Божо Анѓелиќ од Металург, како и екс вардарецот Жарко Пејовиќ. На десен бек е пак Владан Липовина, своевремено играч на Металург.

Во конкуренција на кружни напаѓачи се Немања Грбовиќ, Вук Лазовиќ и Младен Ракчевиќ, сите поранешни ракометари на Вардар, со тоа што последниот од триово има играно и за Металург. Тука е и Марко Чампар, актуелниот пикер на Еурофарм Работники.

Комплетниот список на Црна Гора:

Голмани: Небојша Симиќ, Раде Мијатовиќ, Миле Мијушковиќ, Миљан Вујовиќ
Леви крила: Милош Вујовиќ, Мирко Мајиќ, Милан Поповиќ, Игор Марковиќ
Леви бекови: Вуко Борозан, Милош Божовиќ, Стеван Вујовиќ, Даниел Вукичевиќ
Централни бекови: Божо Ангелиќ, Жарко Пејовиќ, Васко Шеваљевиќ, Богдан Петричевиќ
Десни бекови: Владан Липовина, Стефан Чавор, Иван Перишиќ
Десни крила: Марко Ласица, Мирко Радовиќ, Лука Радовиќ, Игор Радојевиќ
Пикери: Немања Грбовиќ, Вук Лазовиќ, Младен Ракчевиќ, Небојша Симовиќ, Марко Чампар