“Црвено-црните” убедливо најдобри: Четворица од Вардар во најдобриот тим, Канељас е МВП

485

Шпанскиот репрезентативец во редовите на Вардар, Жоан Кањељас е прогласен за најкористен играч на завршниот турнир од СЕХА лигата што викендов се одржа во Брест.

Во денешното финале, Кањељас постигна пет гола и, заедно со Дибиров, беше најефикасен во својот тим, но на двата натпревари потврди дека е во одлична форма. Покрај него, уште тројца играчи на Вардар се во најдобриот тим на фајнал-форот, а изненадување е тоа што за најдобар голман е прогласен Алиловиќ пред Штербик.

ИДЕАЛЕН ТИМ
Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
Десно крило – Иван Чупиќ (Вардар)
Пикер – Андреас Нилсон (Веспрем)
Лев бек – Вуко Борозан (Вардар)
Десен бек – Дариус Криштопанс (Брест Мешков)
Среден бек – Жоан Кањељас (Вардар)
Голман – Мирко Алиловиќ (Веспрем)

Најдобар дефанзивец – Ласло Наѓ (Веспрем)

МВП – Жоан Кањељас (Вардар)

loading...