Црвена Звезда ќе му направи проблем на Давитков за Перо Антиќ

801

Црвена Звезда сигурно ќе го има на располагање македонскиот интернационалец Перо Антиќ на располагање за исклучително важниот меч во Евролигата против фаворитот ЦСКА Москва, која им гостува од братската Русија.

Тренерот на белградскиот клуб Душан Алимпијевиќ откри дека тимот ќе го има на располагање Перо Антиќ за овој меч, кој сигурно ќе биде од огромно значење на теренот.

Антиќ не беше дел од претходното коло во Евролигата, каде Звезда играше против Уникаха, поради тоа што лекарите од Црвена Звезда не сакаа да го изложат Антиќ на некоја посериозна повреда.

Но сега се поставува клучното прашање, дали Црвена Звезда ќе му даде зелено светло на Антиќ да дојде на собирот на кошаркарите на Македонија, бидејки и тој е дел од повиканите репрезентативци.

Селекторот Јорданчо Давитков има доста обилен список на кошаркари, а сигурно дека ќе ги издвои најдобрите меѓу кои и Антиќ, но сега Црвена Звезда е на потег.

Дел од медиумите кај нашите северни соседи шпекулираат дека Црвена Звезда нема да му даде дозвола да се појави во репрезентативниот камп, бидејки тогаш белградскиот клуб има обврски во Европа.