Црвена Звезда рутински против Игокеа: Антиќ со скромен ефект учествуваше во победата

208

Потешко од очекувањата актуелниот шампион во АБА лигата дојде до победа вечерва против Игокеа (85:80).

Црвена Звезда постојано го контролираше натпреварот, на полувреме имаа двоцифрена предност пред противникот (48:38), а таа предност им опадна во вториот дел, бидејки веројатно дојде до некое опуштање во редовите на „црвено-белите“.

Игокеа на неколку наврати се враќаше во мечот на минимална негатива, но Црвена Звезда со својот тимски квалитет сепак одолеваше на агресиата и го приведе мечот кон победа.

Перо Антиќ на оваа средба одигра околу 10 минути и за тоа време постигна три поени и една асистенција.