Црвена Звезда против Цедевита во финалето од АБА лигата

352

Белградскиот состав репризно ќе ја стартува битката за трофејот во АБА лигата против Цедевита, откако Црвена Звезда вечерва славеше против Будуќност убедливо 82:59.

Контролата на резултатот во текот на целиот меч и припадна на Црвена Звезда со што очекува го обезбеди својот пласман во големото финале од регионалното натпреварување.

Џенкинс беше најпрецизен со 17 постигнати поени, додека Симоновиќ забележа 14.

Инаку, белградскиот состав в петок ќе го одигра клучниот меч против Дарушафака во рамките на Евролигата, меч во кој влогот е пласман во четвртфиналето од елитното еврпско натпреварување.

Финалната серија пак, во АБА лигата веќе го има својот распоред, а стартува на 10. април.

loading...