Црвена Звезда е шампион во АБА: Црвено-белите по 3:0 лесно стигна до пиедесталот

435

Кошаркарите на Звезда трет пат во низа ја освоија шампионската титула во АБА лигата.

Белградскиот состав славеше и во третиот меч од финалната серија против Цедевита со 77:61.

Најефикасен во тимот на Звезда беше Томпсон со постигнати 14 поени.

Оваа титула на Црвена Звезда и обезбеди нов настап и следната сезона во Евролигата, додека пак Цедевита заедно со полуфиналните екипи ќе настапат во Еврокупот.