Црвена Звезда го доби трилерот со Милано – Антиќ колку-толку беше дел од победата

483

Црвена Звезда триумфално ја завршува календарската 2017 година, со вечерашниот триумф на гостувањето во Милано против Олимпија.

Иако имаа предност од +17 во текот на натпреварот, сепак Црвена Звезда во финишот се доведе во ситуација да стравува за победата.

Првата четвртина убедливо ја добија гостите од Белград (15:29), во вториот дел Олимпија го возврати ударот (25:16), па со мала предност на гостите се замина на полувреме.

Во третиот дел или четвртина, повторно подобри беа домаќините (20:16), а во последните 10 минути се случуваше трилер, кој на крајот го доби Црвена Звезда (28:30), за конечни 88:91.

Перо Антиќ вечерва имаше скромен учинок, постигна 5 поени, а најдобар кај Црвена Звезда беше Фелдејн кој запиша 19 поени.