Црвена Звезда води со 1:0 во финалната серија во АБА лигата

340

Белградскиот тим славеше со 81:86 во првиот натпревар од финалната серија против Цедевита во рамки на АБА лигата.

Цедевита одлично стартуваше и во еден момент создаде 15 поени позитива, но како доминуваше времето за хрватскиот состав натпреварот премина во резултатски хорор.

Имено, Звезда брзо успеа да дојде до пресврт, па уште на полувреме замина со само поен позитива 45:44.

Третата и четвртата четвртина беа само рутина за црвено-белите, па на крајот поведоа со 1:1 во финалната серија.

Кај Звезда најефикасен беше Џенкинс со 20 поени, додека на спротивната страна тоа беше Томас со постигнати 14 поени.