Циркузант на скии: Запознајте го најлошиот скијач во историјата (ВИДЕО)

1606

Венецуеланецот Адријан Солано е најголемиот хит на Светското првенство во нордиски спортови што се одржува во Лахти.

Додека стигнал од Венецуела до Финска, Солано преживеал вистинска голгота бидејќи на аеродромот во Париз не верувале дека е скијач, мислеле дека е терорист, му се изнасмеале и го вратиле дома. Со себе имал само 20 евра и не можел да си купи авионска карта до Лахти. На крајот, со ургенции на владата на неговата земја, некако успеал да пристигне на Светското првенство, но тука продолжила неговата драма.

Никогаш порано не скијал, па само неколку дена пред првото натпреварување се качил на скии. Резултатот од тоа е – најлош скијач во историјата и вистинска комедија.

loading...