Циндриќ: На Червар сум благодарен до небо – тој ме направи професионален ракометар!

1553

Хрватската ракометна селекција под водство на Лино Червар ги започна подготовките за настап на ЕП во јануари токму во нивната држава. При првиот собир, за тамошните новинари говореше ракометарот на Вардар, Лука Циндриќ.

“Лино е заслужен за мојот прв исчекор во сериозниот, поточно професионалниот ракомет, ме доведе од Карловац во Металург. Уште од самиот почеток имаме навистина добри односи. Ми даде шансе, а јас ја искористив и за тоа сум му благодаре. Червар го знам со години, но тој постојано нешто менува. Тој е врвен тренер“, изјави Циндриќ.

Овој среден бек кој преку Карловац стигна во Македонија во Металург, па во Вардар со кого стана европски првак, од идната сезона се сели во Полска каде потпиша за Кијелце.