Цедевита очекувано го преслуша МЗТ Скопје во АБА лигата

187

МЗТ Скопје вечерва немаше решение против расположената Цедевита на гостувањето во Хрватска, каде заслужено беа поразени со резултат 77:65.

Уште во првата четвртина, резултатот ветуваше дека домашните ќе запишат победа (24:10), а МЗТ Скопје уште во првите 10 минути го загуби резултатскиот чекор со противникот.

На полувреме Цедевита ја задржа предност, заминаа со +11 на одмор (44:33), а за МЗТ Скопје остануваше едно полувреме надеж дека ќе се обидат да ги свртат работите.

Избраниците на Тодоров никако не успеваа во континуитет да врзат повеќе поени со кои би се доближиле до предноста на Цедевита, па затоа домаќините тоа рутински си го контролираа.

МЗТ Скопје успеа да ја добие третата четвртина во своја полза (18:22), но тоа беше се што видовме од македонскиот претставник, бидејки домаќините со уште рутински 10 минути го одработија новиот триумф во АБА лигата.

Со оваа победа, Цедевита се изедначи на лидерската позиција со Будуќност со по 17 поени, додека МЗТ Скопје е фенерџија на табелата.