Хулиганите од регионот едвај дочекаа: Навивачите на Звезда и Рад тргнуваат кон Скопје „да ја бранат“ Македонија

25769

Група навивачи на Црвена Звезда, но и помал дел фанови на Рад, во Македонија им пружаат поддршка на Македонците и Србите во случај на судир со Албанците, пишува српски „Телеграф“.

Со оглед на тоа дека станува збор за непроверени информации, истите треба да се земат со доза на резерва.

Имено, политичката криза во Македонија, која кулминираше вчера, се заканува да прерасне во нешто што би можело да предизвика тектонски пореметувања во целиот регион. Ситуацијата во Скопје моментално е под контрола, иако никој не може да предвиди што ќе се случи во следните денови.

Напнатоста во Македонија очигледно се следи и во Србија, од каде како што пренесуваат српските медиуми, веќе тргнала „конкретна поддршка за Македонците во случај на судир со Албанците“.

Иако сето ова нема никаква поврзаност со спортот и спортските случувања, хулиганите од регионот очигледно решиле да се вмешаат во целата политичка криза. Станува збор за навивачите на Црвена Звезда, односно група од десетина „Делии“ кои се организирале истата вечер кога започнаа инцидентите во Собранието и веќе наводно се пристигнати во Скопје.

Покрај навивачите на Звезда, во Скопје наводно се наоѓа и мала група на навивачи на Рад, од групата „Јунајтед Форс“ која има исклучително радикални, нацистички и фашистички ставови. Она што е интересно, според информациите на „Телеграф“, наводно на готовс се и навивачите на Вардар.

Исто така се пренесува дека би можеле да пристигнат и навивачи на Зенит од Санкт Петерсбург, како и останати навивачки групи од Србија и регионот.

Со оглед на тоа дека станува збор за непроверени информации, истите треба да се земат со доза на резерва.