Хрватска „крцка“ од среќа по победата, но Червар е загрижен за Дувњак

768

Хрватскиот селектор Лино Червар, по убедливата победа на стартот од ЕП против Србија (32:22), истакна дека е загрижен за повредата на Домагој Дувњак.

На самиот крај од натпреварот, Дувњак го напушти теренот со помош на неговите соиграчи, а на пресконференцијата по натпреварот, Червар брифираше за неговата повреда.

Дувњак го повреди листот, треба да направиме дополнителни тестирања. Навистина штета ако го загубиме, загрижен сум за него“, потенцираше Червар.

Во групата А, освен победата на Хрватска, победа оствари и Исланд против селекцијата на Шведска со 26:24.