Хрватите ликуваат: Адеми сезонава е најголемото засилување за Динамо Загреб

292

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми по враќањето на зелените терени откако паузираше две години поради допинг, од меч во меч игра се подобро и подобро.

Вчера во победата над Истра се запиша за првпат во листата на стрелците за Динамо Загреб, што е втор погодок по враќањето откако стрелаше и на кам-бекот за Македонија во мечот против Лихтенштајнд.

Хрватските медиуми ликуваат и се восхитени од Адеми, па „24сата.хр“  го напиша следново:

„Ари беше одличен. Со капитенската лента околу раката, доминираше во средината, а даде и прекрасен гол. Неговото враќање  за Динамо е најголемо засилување сезонава што се виде во мечот против екипата од Пула“, стои меѓу другот.

Адеми исто така, заслужено доби и најголема оценка, 7.5, а  интересно и во тимот на Истра највисоката оценка, 6 ја имаше Македонец, Томе Китановски кој исто така се запиша во листата на стрелците.