Хорор во Белград: Почина навивач на ЦСКА пред натпреварот со Звезда

1011

Црвена Звезда и ЦСКА вечерва од 18 часот го играат првиот 1/16-финален дуел од Лигата Европа, а натпреварот имаше лоша увертира.

Според информациите на неколку руски портали, навивач на гостинскиот клуб починал во Белград, но неговата смрт нема врска со евентуален судир или инцидент. Тој доживеал срцев удар и не ја издржал помошта од докторите кои се обиделе да го реанимираат.

Во Белград се допатувани голем број руски навивачи, но нив не ги организира ЦСКА, туку сами допатувале во Србија.