ХИТ ФОТО: „Граѓаните“ смрзнаа во Базел – па со нов изум решија да се загреат

1633

Лидерот во Премиер лигата, Манчестер Сити веќе со една нога е до пласман во 1/4 финалето од Лигата на шампионите откако „граѓаните“ синоќе во првиот 1/8 финален меч на гостински терен во Швајцарија славеа убедливо над Базел со резултат од 0-4.

Првиот тим на Пеп Гвардиола одигра одлично и на терен беше комплетно надмоќен, но сериозен проблем имаа играчите кои е најдоа на клупата за резервни фудбалери.

Студот си го створи своето, па играчите на Сити кои беа на клупата за резерви се тресеа од ладно, а не им помогнаа ниту ќебињата.

Стручниот штав, економот и медицинскиот тим мораа експресно да пронајдат начин, па импровизираа откако на фудбалерите им поделија греачки кои ги ставија под ќебињата.