Херојски подвиг: Сами си го платија патот, па Китановски по гол со волеј-удар донесе победа на Истра

1107

Хрватскиот прволигаш Истра се наоѓа во мошне тешка финансиска ситација, фудбалерите немаат примано плата и повеќе од шест месеци, меѓу кои има и двајца Македонци.

Токму еден од нив денес е меѓу хероите на овој клуб од Пула. Фудбалерите на Истра сами се организирале и од свој џеб одвоиле пари за да гостуваат во Винковац кај Цибалија во рамки на 15. коло во Првата лига на Хрватска.

Веќе прежалени и отпишани, фудбалерите на Истра приредија вистински шок за домаќинот откако го совладаа на негов терен со 1-4. Стрлец на еден од головите беше еден од двајцата наши интернационалци кои денес настапија, а тоа е Томе Китановски.

Битолчанецот во 22. минута срелаше за предност на својот тим во тој момент од 0-3, а притоа постигна и ефектен гол по волеј-удар.

Цел меч како Китановски, одигра и дефанзивецот Ристо Митревски. И покрај се, Истра и понатаму ја очекува многу неизвесност, во последните неколку години се сменија двајца газди, еден Русин, а потоа и Американец но никој не се задржа долго.