Херојот Деле Али: Ги разнесовме, ама не сум изненаден!

1151

Херојот на Тотенхем, Деле Али не е изненаден од убедливата победа на неговиот тим против Реал Мадрид во четвртото коло од Лигата на шампионите.

Премиерлигашот не доминираше, но ги искористи своите шанси, имаше среќа, а и судиите во една ситуација беа на нивна страна бидејќи не досудија очигледен офсајд при првиот гол. Сепак, двата гола и еден на Ериксен беа доволни за убедлива победа.

“Среќни сме поради резултатот. Ги разнесовме, но не сум изненаден бидејќи на натпреварот во Мадрид видовме дека имаме многу простор за игра. Знаевме дека можеме да победиме ако го испочитуваме договорот од соблекувалната. Среќен сум поради двата гола, но најважна е победата”, изјави Али.

Со оваа победа Тотенхем обезбеди пласман во нокаут фазата, но најверојатно таму ќе биде и Реал кому му е потребен само уште бод во последните две кола.