Хаос на „Ле Ман“ – 20 мотоциклисти излетаа на иста кривина, причината откриена подоцна (Видео)

6026

Во Мото 3 трката на патеката „Ле Ман“ гледачите беа сведоци на досега невидени сцени на една мотоциклистичка трка. Веќе во вториот круг, скоро сите возачи завршија надвор од патеката. Но кој беше виновен? Моторно масло кое беше присутно на патеката.

Најпрво се судрија четири мотоциклисти, а подоцна на еден од моторите им течеше моторно масло, што се покажа како кобно во следниот круг во кој излетаа 20 од вкупно 30 возачи.

Најлошо помина Николо Булега, Николо Антоњели и Жоао Мир, кои веднаш по несреќата беа пренесени во клиничкиот центар на прегледи.