Хаос на дербито на Рио Де Жанеиро: Полицијата уби еден, а рани уште двајца навивачи

1975

Еден навивач е убиен, а двајца се ранети за време на едно од најголемите бразилски дербија помеѓу Васко Да Гама и Фламенго. Бразил е во шок и завиен во црно, а сето тоа поради незадоволството на домашните навивачи, чиј Васко загуби на домашен терен во големото дерби на Рио Де Жанеиро.

Имено, навивачите влегле во конфликт со полицијата, при што еден полицаец усмртил 27-годишен навивач, додека уште двајца се ранети.

Хаосот од трибините продолжил и на улиците на Рио Де Жанеиро. Властите во Бразил започнаа истрага, а гледачите тврдат дека полицијата употребила прекумерна сила за време на конфликтот.