Хамшик: Манчестер Сити е најдобра екипа во Европа!

491

Наполи синоќе пред својата публика забележа пораз од Манчестер Сити, а играчот на домашниот тим, Марек Хамшик ја пофали играта на гостинскиот стратег Гвардиола.

„Манчестер Сити е најдобра екипа во Европа, но докажавме дека можеме да и направиме проблеми. Првиот пола час игравме одлично, навистина неверојатно, па е голема штета што не го задржавме водството. Можевме да постигнеме дури и повеќе гола во воведот, но потоа изгубивме интензите, а Англичаните тоа знаеја како да го искористат“, изјави Хамшик.

Наполи во четири одиграни кола од групната фаза во Лигата на шампионите се наоѓа на третото место со три освоени бода.