Хамилтон ја освои Канада, и го преполови водството на Фетел на табелата

851

Британскиот возач Луис Хамилтон успеа да ја сочува вчерашната пол-позиција на патеката во Монтреал, Канада, и да триумфира пред конкуренцијата, и да ја намали бодовната негатива во однос на Себастијан Фетел.

Стартот беше добар за Мерцедес, лидерот на трката ја сочува пол-позицијата стекната во саботата, а нивниот најголем ривал, Ферари, загуби позиции на почетокот, Фетел и Раиконен, загубија две односно една позиција, Фетел падна на 4. позиција, додека Раиконен на 6. позиција.

Со текот на случувањата, Фетел немаше среќа, бидејки на стартот имаше мала колезија со едно од возилата, па мораше да оди во бокс да менува, каде загуби многу.

До крајот немаше премногу возбудувања, Луис Хамилтон одработи уште една победа, а подиумот го надополни и неговиот тимски колега Валтери Ботас, додека на третото скалило на пиедесталот се пласира одличниот Даниел Рикиардо од Ред Бул.

Во топ10 влегоа уште и Фетел, Перез, Окон, Раиконен, Хулкенберг, Строл и Грожан. По трката во Канада, бодовната предност на Фетел од +25 сега падна на само 13 бодови предност, бидејки Хамилтон денеска освои 25 а тој само 12.