Хамилтон соочен со реалноста, признава за моќниот Ферари сезонава

2048

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, се соочува со тешка сезона пред него, поради тоа што Ферари сезонава е маестрален на првите неколку трки, и за тоа е свесен трикратниот Ф1 шампион.

Ферари претходниот период покажа дека не беа залудни надежите и истрајноста во Маранело, каде успеаа по цела деценија апатија на патеките, да направат достоен болид кој ќе се бори за титули.

Хамилтон во моментов е -25 бода во однос на лидерот Фетел, и свесно признава дека и од нив сезонава има некој подобар.

Не дојдовме неподготвени во Монако, едноставно работите не одеа според планираното. Болидот се однесуваше доста чудно, неочекувано, тоа беше потполно неочекувано за механичарите. Во Монако еден болид ни функционираше, друг не, очигледно мојот не функционираше“.

Изгледа дека сезонава Ферари има страшно добар болид на сите патеки. Преостанатите 14 трки ќе бидат тешки. Се чини дека тие го имаат најдобриот болид сезонава, нешто како што ние бевме претходните сезони, кога WO7 функционираше подеднакво добро на сите патеки“, констатираше Луис Хамилтон.