Хамилтон не го заборава Шуми – со емотивна порака се присети на Германецот

541

Рекордите на неприкосновениот во Формула 1, Михаел Шумахер, полека почнуваат да паѓаат кога на патеките Ф1 има големи шампиони.

Сезоната која заврши во Ф1, беше срушен рекордот на Германецот по бројот на освоени пол-позиции, а тој голем подвиг му појде од рака на Луис Хамилтон.

Михаел Шумахер во своето време освои 68 пол-позиции, а по оваа сезона Хамилтон има 72, а како што најави пред неколку недели во едно интервју, за него привлечна била бројката 100, што за такво нешто ќе му требаат барем уште три силни сезони.

Но тој по остварувањето на рекордот, не заборави да се потсети на легендарниот Германец, кој се уште се бори со своето здравје во својот дом во Швајцарија.

Михаел, изедначувајки го твојот рекорд годинава на пол-позиции во Белгија, ми значеше многу мене лично, тоа за мене е голема чест. Се молам за тебе и твојата фамилија сето ова време“, порача Хамилтон.

Британецот сезонава ја освои својата 4 шампионска титула и се изедначи со возачот на Ферари, Себастијан Фетел кој во минатото спечали 4 круни со Ред Бул.