Хамилтон најбрз пред своите

536

Луис Хамилтон ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Велика Британија. Тој беше најбрз на денешните квалификации на патеката Силверстоун каде второ време имаше Кими Раиконен кој беше побавен за 0,547 секунди од возачот на Мерцедес.

Од вториот ред започнуваат двата болида на истите конструктори, но со поинаков распоред. Себастијан Фетел (Ферари) од третата и Валтери Ботас (Мерцедес) од четвртатта позиција.

По нив следуваат Макс Ферстапен, Нико Хулкенберг, Серхио Перез и Естебан Окон.

Утрешната трка е закажана за 14:00, а се очекува да биде интересно меѓу големите ривали оваа сезона, Фетел кој е лидер во генералниот пласман и Хамилтон има 20 бодови помалку на втората позиција.