Хамилтон: Моја инспирација се Надал и Федеред

254

Четирикратниот шампион во Форумула 1, Британецот Луис Хамилтон истакна дека голема инспирација во животот и кариерата му се тенисерите Рафаел Надал и Роџер Федерер.

„Ѕвездите како Надал и Федерер, како и другите елитни спортисти се пример за сите. Се трудам да извлечам инспирација од она што тие го права и го следам нивниот пат“, изјави Хамилтон.

Како што се Надал и Федерер големи ривали во тенисот, така и Хамилтон и Себастијан Фетел се во Формула 1.

„Имаме добри односи. Немаме 20 години, возрасни личности сме, како и во тенисот и голфот, кога гледаш големи шампиони, сфаќаш дека менталната сила е се. Умот е тој кој го контролираш. Ако размислувам за Себастијан, знаам што правеше во претходните години, колку константен беше, кои се неговите предности, но и мани“, заврши Британецот.