Хамилтон: Им зададовме сериозен удар на Ферари

844

Мерцедес конечно ја оствари првата двојна победа оваа сезона, и таа им даде крила на „сребрените стрели“.

Тоа им успеа на патеката во Канада, во градот Монтреал, каде Мерцедес доминираше од стартот до самиот крај на трката, а конкуренцијата од Ферари, остана доста назад.

Луис Хамилтон со победата ја намали предност на Фетел, и сега од негатива од -25, сега разликата е само -13 бодови, што го прави првенството доста интересно.

Мерцедес во Монако имаше ужасен резултат, а тоа го потенцираше и Хамилтон на подиумот, за да во Монтреал веднаш го вратат ударот.

Од Монако заминавме доста замислени, сите ги чешавме главите и бевме нервозни, но тоа е минато. По поразот во Монако, екипата се обедини, и во Канада дадовме се од себе, па и зададовме сериозен удар на Ферари“.

Овој викенд и Валтери Ботас беше одличен. Ова е прва пат да освоиме двојна победа на една трка, и тоа е најдобар доказ за напорната работа на тимот“, истакна Луис Хамилтон.