Хамилтон е „брзи Гонзалес“ – Паѓа рекордот на Михаел Шумахер

1410

Луис Хамилтон успеа да ја освои пол-позицијата на денешните квалификации за утрешната трка на Силверстоун, во Британија.

Хамилтон рекордниот круг го комплетираше за 1:26:600, а ова за него беше 6 пол-позиција во календарска 2017 година и 67 во кариерата.

Со оваа пол-позиција, Британецот му се доближи на Михаел Шумахер на вечната листа на најмногу освоени пол-позиции во историјата на Ф1. Германецот има освоено 68, додека Хамилтон со оваа во Британија има 67, и само прашање на недели е кога ќе падне рекордот на најтрофејниот возач во овој спорт.