Хамилтон доминантно на Силверстоун!

876

Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тој стартуваше од пол позицијата, успеа да крај да ја задржи предноста и ја награди својата публика со нов триумф во Формула 1 шампионатот.

На подиумот покрај возачот на Мерцедес се најдоа уште и Валтери Ботас и Кими Раиконен.

Иако се чинеше дека на крајот Ферари ќе доминира на подиумот, се случи вистинска катастрофа за италијанскиот тим, на Финецот му пукна предната десна гума, а потоа настрада левата гума на Фетел кој заврши на седмото место.

По ваквиот развој на настаните Фетел ја задржа лидерската позиција во генералниот пласман, но сега Луис Хамилтон  има само бод помалку на второто место.