Хамилтон: Ботас е подобар од Розберг

430

Луис Хамилтон направи споредба на неговиот сегашен и претходен тимски колега. Тој ја пофали соработката со Валтери Ботас и истакна дека тој е подобар колега од Нико Роберг.

Нетрпеливоста меѓу поранешните колеги во Мерцедес, Хамилтон и Розберг беше често дискутирана тема, па не е ни чудно што британскиот возач сега е задоволен од комуникацијата и односот со Ботас.

Хамилтон истакна дека има голема поддршка од Финецот, со кој минатиот викенд ја оствари првата двојна победа на Мерцедес сезонава, освојувајќи ги првите две места на подиумот на трката во Канада.