ФФМ во план: Од 2019 се враќа женската селекција, секоја екипа од Прва лига ќе мора да има и женски тим

681

Женската фудбалска селекција на Македонија које моментално е суспендирана од ФФМ, многу веројатно по две години пауза, повторно да се стави во функција.

Како што дознава sporclub.mk,  сериозно се размислува веќе на следното годишно собрание на ФФМ да се стави предлог, повторно во функција да се врати селекцијата.

За потсетување, по завршување на квалификациите за Европското првенство во Холандија и одигрување на последниот меч против Белорусија кој го загубиме со 6-2, нашите девојки повеќе не одиграа ниту еден друг меч.

Беше одлучено селекцијата на Македонија да не се пријави во квалификации за СП во Франција кое ќе се одржа 2019 година.

Сега плановите се со нова генерација помлади фудбалерки, но и помош со евентуално враќање на искусните интернационалки Наташа Андонова, Гентијана Рочи…повторно да се стави во функција националниот сениорски тим.

Македонската женска селекција би била пријавене во квалификациите за настап на ЕП во 2021 година кои треба да почнат во 2019 година, а претходно би одиграле и неколку пријателски средби.

За развој на женскиот фудбал и дополнителна популаризација, доколку оживее идејата, тогаш секој клуб во машка конкуренција кој игра во Првата лига, ќе мора да има и женска секција. Ова би важело од сезоната 2019/2020 година.