Фуркад го одбрани златото од Сочи и ја запре доминацијата на Германците

220

Францускиот бијатлонец Мартин Фуркад го освои третото олимписко злато откако денеска славеше во потерата на 12,5 километри во Пјонгчанг.

Фуркад пред четири години во Сочи беше златен, а златниот медал го одбрани и во Јужна Кореа. Имаше само едно промашување, а оствари време од 32:51,7 минути.

Со ова, тој ја прекина доминацијата на германските бијатлонци кои триумфираа во првите три трки на Зимските олимписки игри.

Зад него заврши Швеѓанецот Себастијан Самуелсон со 12 секунди заостанување, додека трет беше Бенедикт Дол од Германија.

Форкад е актуелен олимписки првак и во индивидуалната трка на 20 километри.