„Фудбал Ликс“ открива: Годишната плата на Меси изнесува 104 милиони евра!

599

Според документите на „Фудбал Ликс“ кумулативниот приход на Лионел Меси на годишно ниво во Барселона изнесува повеќе од 100 милиони евра бруто!

Платата на Меси од 12 милиони евра во 2012. година се удвојуваше, па во 2014. година дојде до 24 милиони евра, за до моменталните 40 по продолжување на договорот во ноември минатата година.

Последната верзија на договорот достапна од јуни 2017. година кој е официјализиран пет месеци подоцна покажува дека таткото Хорхе на својот син успеал да му договори заработка од неверојатни 400 милиони евра за четири години!

„Ова е прв пат во историјата еден играч да има загарантирана заработка која преоѓа 100 милиони евра годишно“, тврди „Медиапарт“.

Мора да се напомене дека износите се бруто, бидејќи псоред шпанскиот закон, 100 милиони евра бруто по одбивање на даноците значи дека нето платата изнесува нешто помалку од 50 милиони евра.

Меси заработува 71 милиони евра бруто, плус 15 проценти од правата на својот лик, потоа тука е бонусот од 63,5 милиони и бонусот од 70 милиони кој се однесува на „лојалност“ доколку не ја напушти Барса пред истекот на договорот. Точната годишна сума изнесува 104 милиони евра кои Меси ги добива од Барселона.

Ова е „минималната“ плата на Аргентинецот бидејќи во неа не се пресметани разноразните бонуси, па така, Меси ако одигра 60% од натпреварите во сезоната добива дополнителни 1,9 милиони евра, а освојување на Лигата на шампионите ќе му донесе 12 милиони евра. Ако ги исполни сите премии, ѕвездата на Барселона годишно би можела да заработи повеќе од 122 милиони евра!